Опозицијата продолжува со протестите кои беа прекинати за време на празниците.
На граѓанскиот парламент синоќа се зборуваше за демократијата и за тоа колку ја има во Македонија за случувањата во здравството, новинарството и како што беше кажано недемократичнота во однесувањето на централната власт према локалната власт во Охрид со одземање на ингеренции. Сепак најголемо внимание кај присутните привлече изјавата на градоначалникот кој законот за туристички зони го нарече најава за повторна национализација на имот на граѓани, црквата и на имот на општина Охрид.
„Се донесоа такви закони со кои национализација која беше од 1946 год е многу помала од она што сега го прави и ќе го прави државата.Сигурно во Охрид ќе има национализација во Св. Наум, во Љубаништа, на најубавите места.Ние сме под целосен бојкот од централната власт сите овие години, а продолжуваат и сега на заминување од власт. И ги одземаат сите ингеренции на општина Охрид и го нарушуваат законот за локална самоуправа“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Во име на новинарите на граѓанскиот парламент се обрати новинарот Милчо Јованоски. Тој пред присутните се обрати како граѓанин, интелектуалец и новинар со 30 годишно работно искуство.
„Можам да кажам дека искрено не постојат независни медиуми.Секоја причина има своја последица, и секоја последица мора да има своја причина. Едноставно во новинартството нема потполна независност никаде, па ниту кај нас, но морам да признам дека ова што се случува последниве години е на вистински голем притисок за новинарите, за оние кои работат чесно и ја почитуваат својата професија кои ја сакаат од срце. Јас сум еден од нив, немам директни притисоци, работам за медиуми надвор од нашата земја и можеби тоа ми дава поголема слобода и во изразувањето, но и во кажувањето на својата мисла и став“, вели новинарот Милчо Јованоски.
„Граѓанскиот парламент моментално единствен легитимен парламент во Р Македонија“, рече Филип Јованоски, кој синоќа пред присутните се обрати во име на ВМРО НП, но и како што кажа во име на младите.
„Основната цел е да ја вратиме демократијата во Р Македонија така што сите политички субјекти да можат рамноправно да учествуваат на политичката сцена. Така поставивме повеќе прашања и околу иселуањето на младите, демократијата.Основната цел е враќање на демократијата, потоа да функционираме како нормална држава и да одиме напред на патот кон европската Унија“ вели Филип Јованоски од ВМРО НП.
Граѓанскиот парламент како што беше кажано синоќа продолжува понатаму. Здружената опозиција за во недела го најави и протестот во главниот град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град