Граѓаните реагираат дека премногу лесно се издаваат дозволи за сечење дрва

Се почесто се уништуваат и сечат дрва само поради тоа што на поединци му го кријат видикот. Од Локалната самоуправа – велат се даваат дозволи за сечење само за стари и исушени дрва.

 |  Тања Кувенџиска  | 
ulica
Улица

Се почесто се уништуваат и сечат дрва само поради тоа што на поединци му го кријат видикот. Од Локалната самоуправа – велат се даваат дозволи за сечење само за стари и исушени дрва.   

Поголемиот број охриѓани сметаат дека премногу лесно може да се дојде до дозвола за сечење дрва на јавни, но и приватни површини.
Се почесто сме сведоци, велат тие,  дека се сечат дрва само поради тоа што на поединци му кријат видикот. Поради тоа што од дрвата не се гледал дуќанот или пак затоа што на домаќинките им сметале цутовите од дрвата кои паѓале на нивните балкони.

seceni drva Од Локалната самоуправа, од каде се издаваат дозволите за сечење дрва, тврдат дека воопшто не е лесно да се дојде до ваквото одобрение. Дозволите се издаваат само доколку станува збор за стари и исушени дрва, за кои постои опасност да паднат, велат од таму.

Надлежните признаваат дека често пати доаѓа до злоупотреба од страна на граѓаните. се случува поединци да исечат дрва за кои воопшто не добиле дозвола или пак за кои им е одобрено само поткастрување.

За жал, практиката покажува дека најчесто граѓаните кои ќе исечат и по дваесеттина и повеќе дрва поради лични интереси, не подлежат на ригорозни санкции поради ваквиот извршен вандалски чин.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top