Пациентите не знаат што добиваат со референтните цени на лековите

Новиот начин за набавка на лекови со доплата или референтните цени на дел од граѓаните не им се познати.

 |  Валентина нелоска  | 

Новиот начин за набавка на лекови со доплата или референтните цени на дел од граѓаните не им се познати.

За нив не се толку важни новите начини на издавање на лекови, туку аптеките да се снабдени. Од друга страна пак од аптеките велат дека при купувањето лекови владее голема нервоза и недоверба кај пациентите.

„Кога ќе ја слушнат сумата која треба да ја доплатат не веруваат и доаѓа до кавги“, објаснуваат фармецевтите  кои не сакаат да зборуваат  јавно. За најефтиниот лек “Фуросемид“ на рецепт за кој претходно доплатувале 5 денари сега треба да платат 8 денари.

Oд 1 август, фондот за здравствено  осигурување, започна со примена на референтните цени на лекови. Пациентите од листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот сега може да избираат кој  лек ќе го купат. Доколку има разлика од референтната цена до продажната на избраниот лек, пациентите сами ќе ја надоместуваат, а притоа ќе може да го избираат лекот кој им одговара.

Раководителот на П.Е. на Фондот за здравствено осигурување, Гоце Петревски  вели „дека сеуште е рано да се каже како функционира новиот начин на издавање лекови со рефрентни цени“.

Петревски е оптимист дека воведените новини ќе имаат позитивен ефект  врз потребите на пациентите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top