Граѓаните од регинов се почесто се жалат во Стразбур

Со тоа се отвара прашањето што е резултат  на таквата појава. Дали станува збор за недоверба кон нивниот правосуден систем или пак за неподготвеност на судската власт во регионот.

 |  Валентина Нелоска  | 
predavanje-pravnici
Предавање-правници

Македонски граѓани се повеќе упатуваат преставки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

predavanje-pravniciСостојбата е слична и во останатите земји од регионот. Со тоа се отвара прашањето што е резултат  на таквата појава. Дали станува збор за недоверба кон нивниот правосуден систем или пак за неподготвеност на судската власт во регионот. Странските експерти оваа состојба генерално ја  објаснуваат како фиктивно применување на Конвенцијата за човекови права во балканските земји. Професорот Уве Бринг, од Меѓународниот Правен универзитет во Стохолм, за ваквата зачестена пракса се повикува на поранешниот општествен систем на уредување во Балканските земји. „Државите на Балканот по напуштање на  комунистичкото време треба да изградат нова администрација со правна регулатива и поголема безбедност. За тоа треба време, а и сите сте на почетокот од процесот“.

Милан Баниќ, правник од Србија нагласува дека Конвенцијата за човекови права е нова област во правото во земјите од регионов. Во последните години има се повеќе преставки и на српските граѓани во Стразбур, објаснува  Баниќ. Сепак она што е потребно  е постоење на национални правосудни  филтри за Европскиот суд. Судовите на национално ниво да ги  решаваат предметите пред нивното испраќање во Стразбур, смета Баниќ. Во Србија тоа е Уставниот суд, а предметите се враќаат назад ако не поминат претходно фаза на постапка пред него. Решението Уставниот суд да е последниот правен лек има еден недостаток потенцира Баниќ. „Уставните жалби

за граѓаните се многу скапи. Според адвокатската тарифа тие се најскапи жалби. Доколку пак граѓаните лаици се застапуваат сами најчесто доставуваат неуредни поднесоци кои се отфрлаат“.

Сите држави од регинот се членки на Советот на Европа и со тоа ги преземаат надлежностите на судот во Стразбур. Охрид е домаќин на петтиот натпревар на младите правници од 10 факултети од поранешните Ју- Републики. Тие ќе се натпреваруваат во симулации на постапки пред Европскиот суд за човекови права. Идните правници, судии, адвокати и јавни обвинители воприсуство на судии и експерти од  судот во Стразбур  ќе стекнуваат практични знаење од областа на човековите права.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top