Граѓаните реагираат дека одделни делови од градот воопшто не се средуваат

Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње.

 |  Тања Кувенџиска  | 
strnishte
strnishte

Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње.

Станарите од зградите кај охридатите, реагираат дека просторот пред нивните станбените објекти во кои живеат воопшто не се средува. Подолг период, овој дел од градот е зараснат со треви и трње. Ваквата гледка не  му доликува на простор покрај кој постојано минуваат гостите кои престојуваат во градов, коментираат граѓаните.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ја прифаќаат одговорноста за ваквиот изглед. Објаснуваат- за да се превземат од нивна страна активности за средување на просторот, најпрво треба претпријатието да застане на нозе. Сепак, станува збор за правен субјект кој неодамна беше формиран, вели првиот човек на јавното претпријатие Иван Цветкоски.

„Во овој момент нашите можности се многу мали за да го средиме просторот кај Охридатите. Би ги замолил граѓаните да оствариме контакт и изнајдеме заеднички јазик. Да имаат трпение, бидејќи се наоѓаме во стартен, тежок период за јавното претпријатие, вели Цветкоски.  

Цветкоски вети-  штом претпријатието финансиски ќе  зајакне, просторот во рамки на Спортско- рекреативниот центар, редовно ќе се одржува.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top