Голем број граѓани денес побараа рамо за плачење кај градоначалникот Петрески

Граѓаните го искористија „Отворениот ден на градоначалникот со граѓаните“, за да му ги кажат своите проблеми. Еден од нив е и Таир Сабри.

 |  Лионела Јаковлева  | 
gradonacalnik
gradonacalnik

Граѓаните го искористија „Отворениот ден на градоначалникот со граѓаните“, за да му ги кажат своите проблеми. Еден од нив е и Таир Сабри.

Таир Сабри, вработен во Работната единица „Хигиена“ во ЈП „Комуналец“ не е задоволен од односот на неговиот претпоставен Стевчо Маслов. Тој раскажува дека во саботата одбил да ги извршува работните задачи бидејќи беше државен празник па дневницата треба да биде двојна, а за неговиот ангажман на втори август не му била исплатена никаква дневница, а камоли двојна. Поради тоа Маслов почнал вербално да го навредува па дури се обидел и физички да се пресмета.

Сабри денес го искористи „Отворениот ден на  градоначалникот со граѓаните“, за Петрески да го запознае со својот случај.

Петрески вели, „ го сослушав Сабри и неговиот дел од приказната, но за да донесам правилен заклучок ја повикав и другата страна“.

Директорот на ЈП „Комуналец“, Боро Павлоски заедно со раководителот на РЕ „Хигиена“ пристигнаа во општина со цел да се разјасни случајот.

Павлоски тврди дека ни оддалеку не била ситуацијата таква како што ја прикажува Сабри. Тој објаснува дека Сабри и претходно бил проблематичен работник и од бивал да ги извршува зададените задачи.

Aleksandar PetreskiВо општина пристигнаа и претставници од партијата Сојуз на египќани. Тие пак, велат „ ова не е прв ваков случај каде припадници од нашата етничка заедница се малтретирани на  работното место и најавуваат мирни протести за заштита на малцинските права.

Инаку, ова беше само еден од проблемите на граѓаните кои денес го искористија „Отворениот ден на градоначалникот“ за да му се пожалат за своите маки.

Петрески вели дека е задоволен од интересот и од резултатите кои се постигнуваат после ваквите средби. Тој додава дека многу прашања кои се упатени до него се на погрешна адреса. Како  пример ги посочува проблемите со катастар, со денационализација на имот и др. Во тој случај градоначелникот ги упатува граѓаните до ресорните министерства и служби.

 Вакви средби планирано е да се одржуваат еднаш месечно.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top