Со почетокот на туристичката сезона и зголемувањето на бројот на гостите, се зголемуваат и проблемите на охриѓани. Овој проблем особено е изразен во стариот дел од градот.
Со почетокот на туристичката сезона и зголемувањето на бројот на гостите, се зголемуваат и проблемите на охриѓани. Овој проблем особено е изразен во стариот дел од градот.
Голем број од нив со ноќи остануваат ненаспани поради преголемата бучавост од околните кафулиња и ресторани. Проблемот е поизразен во стариот дел од градот каде се сконцентрирани поголемиот број од нив.
Граѓаните мака мачат и со силната музика од малите бродчиња.
Од општинскиот инспекторат потврдуваат дека поголемиот број кафулиња не го почитуваат максимално дозволеното ниво на бучава. Во само една недела, од кога започна мерењето на бучавоста, од посетени 9 објекти, на 6 му биле изречени казни.
„Нашите вработени, во текот на летото, во секој угостителски објект ќе спроведат мерење на бучавоста, најмалку 3- 4 пати“, вели Танас Танасоски, раководител на Општинскиот инспекторат.
Законот за бучава, за правните субјекти кои не ги почитуваат законските одредби предвидува глоба од 800 евра, 300 евра за одговорното лице, додека пак казната за физичко лице е 150 евра.
Најстрого ќе се казнуваат особено оние кои ќе го нарушат мирот на граѓаните во периодот од 15- 18 часот и од 23 до 06 часот наутро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град