Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат Курбан Бајрам

Околу 800 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи ќе добија по 5 кг месо по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

 |  Валентина Неловска  | 
Kurban Bajram
Курбан Бајрам

Околу 800 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи ќе добија по 5 кг месо по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Годинава се донираа околу 4 тони месо или 17 грла, а бројот на донатори од година на  година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата  Шафак за Охрид.

На денешниот верски чин, каде што се колеше Курбан традиционално своите сограѓани од муслиманска вероисповед ги посети и празникот им го честита  градоначалникот Александар Петрески.

PetreskiТој ги поздрави и верниците кои заминаа на аџилак. Градоначалникот Петрски на колењето Курбан го придружуваше и охридскиот  советник Кујтим Усеин. Тој истакна дека овој празник не ги дели сиромашните по вера и нација, туку верниците ги  помагаат сите на кои им треба помош.

Фондацијата Шафак оваа година Курбан ќе  донира за сите граѓани во Македонија. Празникот Курбан Бајрам е ден за меѓусебно помагање на луѓето без разлика на  верата, јазикот и нацијата.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top