Граѓаните од општината бараат решавање на комуналните проблеми

Подобра патна инфраструктура, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта, отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп се дел од барањата на месните заедници, здруженијата и граѓаните за реализација во 2012 година.

 |  Валентина Нелоска  | 
javna debata
javna debata

javna debataПодобра патна инфраструктура, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта, отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп се дел од барањата на месните заедници, здруженијата и граѓаните за реализација во 2012 година.
На јавната дебата, за Фискалната стратегија за 2012 година на Локалната самоуправа, градоначалникот Петрески и раководителите на секторите ги сослушаа граѓаните кои  бараат како приоритени потреби да влезат за реазлизација од  општинскиот буџет за престојната година. Се дискутираше што е  можно со буџет од околу  5 милиони евра да се решат приоритетните проблеми на граѓаните.

javna debataГрадоначалникот рече дека  планирањето на приоритетите многу ќе зависат од собраните пари кои ќе влезат во општинскиот буџет. Меѓу другите се спомнаа инвастициите кои се најавувани  од страна на Владата од  изградбата на хотели, базен, продадено градежно земјиште, како и од влезот на општината во 2 -та фаза на децентрализација.
На денешната средба градоначалникот Александар Петрески соопшти дека Министерството за финасии  вчера и  официјално испратило  известување до Општина Охрид дека од 1 јануари 2012 година  влегува во втора фаза на  децентрализација.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top