Новиот градски совет и официјално доби претседател

Д-р Гордана Коњаноска е новата избраничка на советниците која наредните четири години ќе диригира и координира со советот. Таа вети дека максимално посветено и со доследно почитување на законските прописи ќе ја извршува новата функција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
prva sednica sovet
прва седница совет

Д-р Гордана Коњаноска е новиот претседател на Советот на општина Охрид. Со 15 гласа за, 6 воздржани и без ниту еден против оваа одлука беше донесена на денешното продолжение на конститутивната седница на Советот на општина Охрид. Новиот претседател на Советот истакна дека одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе работи во интерес на граѓаните. gordana konjanoskaКоњаноска подвлече дека сите заедно ќе трба да се справуваат со предизвиците кои ќе доаѓаат во наредниот период. Таа рече дека доследно ќе ги почитува законските прописи.

Коњаноска посака одлуките кои ќе се носат во иднина да бидат во интерес на градот па после четири години Охрид да биде поубав и поразвиен во сите сфери на живеењето. Томислав Тунтев, координаторот на советничката група на сојузот на иднината рече дека тие ќе бидат конструктивна опозиција која активно ќе учествува во донесувањето на одлуките кои ја тангираат општината.

Тунтев рече дека во првите сто дена од мандатот на градоначалникот тие нема да ги критикуваат неговите одлуки, ниту одлуките на советот, но после тоа ќе следуваат жестоки расправии и дискусии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top