„Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите

Двојно ќе се намали цената за нивелирање на гробните места во Охрид. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ смета дека тоа е од обостран интерес и за ЈП, но и за корисниците на услугите, така што ЈП ќе добие повеќе работа, а корисниците ќе заштедат добар дел средства кои досега ги даваа за оваа намена.

 |  Николоска Биљана  | 

„Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите кои ги врши ова претпријатие, открива директорот Ванчо Костоски. Ова е само една од многуте мерки кои менаџментот на ова ЈП ќе ги преземе во насока на подобрување на нивните услуги, а од друга страна, корисниците на услугите ќе заштедат дури 50% од досегашната давачка.

Една од поголемите ставки е нивелирање на површините какви што ги имаме, ако досега за оваа услуга корисниците плаќаа по 12 000 денари таа ќе се спушти на околу 6000 денари. Ги намалуваме бидејќи цената е повисока а имаме доста такви гробни места кои што се за нивелација, бидејќи позната ви е каква е состојбата во државата, но сметаме дека со тоа ќе направиме и поголем приход за ЈП и ќе имаме повеќе работа како ЈП“.

Костоски информираше дека одлуката за корекција на цената за нивелирање на гробни места пред градските избраници ќе биде ставена на наредната седница, и очекува истата да биде усвоена. Костоски пренесува дека во изминатиов период работеле на откуп на површини за гробни места.

Имаме доста површина, две парцели пред две недели ги откупивме заедно со општината, во тек е уште една експропријација така што со тоа очекуваме да немаме проблем околу недостиг на гробни места. Предвремено ги регулираме работите со цел да не бидеме затекнати“

Костоски за ТВМ кажа дека е исправен пред сериозна обврска за надминување на голем број проблеми кои ги затекнал во ЈП, но сепак е оптимист дека дел по дел од нив одговорно ќе ги решава. Открива дека веќе започнале и со враќање на дел од долговите кои ова претпријатие ги има спрема разни доверители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top