Градот Охрид виден низ детските очи

Дечињата од охридските градинки го презентираа проектот на кој работеа вредно преку целата година.

 |  Голабовски Крсте  | 
vojnici

decaЗавршна презентација на проектот „Градот низ детските очи“, на дечињата од сите охридски градинки. Станува збор за проект на кој се работеше во текот на целата година а во кој беа вклучени сите деца од од детските градинки на возраст од 2-10 години. Посетата на локалната самоуправа и запознавање со нејзиното работење, тајните на охридската кујна, запознавање на културното и историско богатство на Охрид беа само дел проектот, вели директорката Роза Костеска- директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Денес го презентираат она што го научија во текот на годината бидејќи постојано беа присутни во сите институции по сите локалитети, културно историски споменици, сето она што значи убавините на Охрид, научија за својот град со цел повеќе да го сакаат сопствениот град, да знаат да ценат и да вреднуваат она што насшите претходници ни оставиле и да знаат се тоа да го одржуваат и да создаваат нови вредности во време кога светот ќе им остане нив“ објаснува Костеска.

gradinkaСе она што дечињата се запознаа, го искусија и научија а се оденсува на животот во Охрид, го изразија преку ликовни творби, со кои  и учествуваа на ликовен конкурс распишан од Министерството за труд и социјална политика. Преку пригодна приредба која се состоеше од десетина точки кои дечињата долго ги подготвуваа, точки  исполнети со музика, рецитали и драматизации кои го опеваат Охрид и неговите природни и културни убавини, најмладите на присутните им ја презентираа сликата која ја имаат звојот град.

„Идејата за овој е на една градинка од Скопје кој беше прифатен за цела Македонија, така да нашите дечиња се вклучија сериозно,се научија како треба да се однесуваат, научија за екологијата, а направија и голем број творби карактеристични за нашиот град како охридска куќа, чамците кои некогаш се користеле, рибарски мрежи итн“, вели Костеска.

Инаку во реализацијата на проектот беа вклучени 10 воспитувачки и седум негователки, а и стиот континуирано се спроведуваше во текот на целата година од страна на 220-та дечиња од сите охридски градинки.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top