• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Градоначалникот Стојаноски на средба со министрите за земјоделство на Македонија и Албанија

Градоначалникот Стојаноски на средба со министрите за земјоделство на Македонија и Албанија

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши.

 |   | 

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши.
На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда. Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови и реализирање на заеднички одржливи проекти. Затоа, градоначалникот Стојаноски од министерствата и владите на Република Македонија и Република Албанија побара поддршка на проектите за заедничка, интегрирана заштита на Охридското Езеро, како светско природно богатство заштитено од УНЕСКО . Тоа, според него, ќе овозможи со трансгранични проекти да се користат средства од меѓународните фондови за одржлив развој на регионот. Министрите за земјоделство Љупчо Николовски и Нико Пелоши со нивните соработници денеска, разговарале за заедничките мерки за заштита на охридската пастрмка и белвица на македонската и албанската страна на Охридското Езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top