• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Градоначалникот Пецаков во обиколка на дел од тековните и завршени градежни активности

Градоначалникот Пецаков во обиколка на дел од тековните и завршени градежни активности

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес изврши обиколка на дел од тековните и завршени градежни активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид.

 |   | 

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес изврши обиколка на дел од тековните и завршени градежни активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид.

Во Стариот дел на градот се врши фугирање на потпорните ѕидови. Со овој зафат се превенира од оштетување и рушење на потпорните ѕидови, а со тоа се продолжува нивниот век на траење. Дополнително во зависност од потребите ќе се изврши и целосна санација на растурени или оштетени ѕидови. Активностите ги изведува фирмата „Бокоп“, а вкупната вредност на договорите е 750 000 денари.

Градоначалникот заедно со директорот на ЈП „Нискоградба“ ги посети улиците „Будва“ и „Винковачка“ каде претпријатието вршеше поставување на нова фекална канализација. Поставувањето се одвиваше во две фази, во првата фаза се поставија цевки Ф 300 mm во должина од 225 m и Ф200 mm во должина од 135 m со вкупна вредност од 1,977,516.00 денари и во втората фаза се поставија цевки Ф 200 мм во должина од 70 m со вкупна вредност од 489,903.00 денари.

Вкупната вредност на зафатот изнесува 2,467,419.00 денари, информираат од Локалната Самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top