Градоначалникот ги поддржа охридските дуќанџии, заедно со здруженијата „Чаршиски еснаф“, Угостителски Еснаф, Хотам и Занаетчиската комора ќе бараат измени во законот, односно одобрение дуќаните во туристичките центри да може да работат и во недела.
Општина Охрид ќе ги поддржи охридските дуканџии во барањето да работат во недела. Поддршка им дадоа и Регионалната занаетчиска комора, хотелската асоцијација ХОТАМ и угостителскиот Еснаф. Заедно ќе бараат од Собранието, Охрид како и другите туристички центри да се изземат од овој закон.
Затворањето на дуќанџиите во недела предизвика тешки последици врз локалната економија и туризмот, затоа што градот е најпосетен од туристи токму во недела.
Сите овие здруженија ќе донесат еден заклучок кој општина Охрид ќе го поддржи и сите заедно после тоа ќе се обратиме до институциите. И до надлежната комисија, дали ќе носиме измена на законот, или ново законско решение или пак од друга страна ќе најдеме сосема поинаков начин. Важно е дека Охрид има проблем со тоа што не се работи посебно за периодот на туристичка сезона. Би сакал да излеземе во пресрет, јас лично да учествувам како посредник во тој процес за да добиеме задоволни не само туристи, туку и давателите на услуги во туризимот – рече градоначалникот Кирил Пецаков.
Охрид работи исклучиво за викенди, сега туристите заминуваат во соседна Албанија.
Бараме одобрување за работа во празници и недели за висока сезона, но Охрид има и поинаква сезона кога во време на празници и викенди, цела Македонја се слева овде доаѓа во ситуација да е Охрид затворен. Сега имаме уште еден поголем проблем се јавува тур оператор дека гостите сакаат да купат бисери добиваат одговор дека не смеат да отворат. Колку наш народ заминува во соседна Албанија за шопинг, не само на ручек во Поградец, туку има битолчани, прилепчани кои доаѓаа овде викаат пиеме кафе немаме што да правиме одиме Албанија блиску е – вели Маја Бакалова, претседател на „Чаршиски еснаф“.
Сите тури за 8-ми март што беа од Србија се откажани, кога ќе слушнат дека Охрид не работи во недела. Тие сабота пристигнуваат понеденик си одат, тие гости не можат три дена да минат во кафана. Тотален колапс, за нас, се соочивме со вишок на вработени – вели Соња Јосифоска, сопственик на дуќан во Охрид.
Поддршка им дадоа и Здружението на туристички водичи, Хотам и Угостителскиот еснаф.
Ако можеме да кажеме дека од понеделник до петок, се прави некој обрт во туризмот, сабота и недела се најмалку двојно повеќе од било кој друг ден во неделата. Треба да се направи обрт за да се извади достоинствена плата која треба да се даде на вработените – вели Крсте Блажески.
Охрид трпи големи загуби, последиците се далекусежни едноставно од понеделник до сабота да работите, а во недела да одмарате тоа никаде го нема. Ниту во една туристичка дестинација. Со тоа трпи охридскиот и македонскиот туристички производ – вели Климент Наумов, претседател на Здружението на туристички водичи.
Поддршката од угостителскиот сектор кон ицијативата за дополнение на законот е јасна бидејки самата природа на работата налага, дека недела е навистина ден кога оние кои не се на работа да го посетат нашиот град. Дали се работи за околните градови или гости од соседните држави, по природа туристичкиот регион треба да биде отворен за таквите гости и во недела – вели Михаил Мишев, од Угостителски еснаф.
Дуќанџиите апелираат власта да има слух за овој проблем и што поскоро да добијат одобрение да работат во недела. Велат подготвени се да плаќаат двојно повисоки дневници на вработените.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град