Градоначалникот Пецаков се обрати на 12-тата Школа за млади лидери

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати пред учесниците на 12-тата Школа за млади лидери под покровителство на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати пред учесниците на 12-тата Школа за млади лидери под покровителство на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На мое огромно задоволство ја имав честа да бидам дел од завршната церемонија на 12тата Иванов Школа за млади лидери која се одржува под покровителство на Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија. Годинешната тема “Лидерство во акција”, тематски, а верувам и содржински, се поклопува со предизвиците со кои се соочува Македонија, како на внатрешен, така и на надворешен план. Живееме во време кога широка и коренита општествена акција, ни е насушно потребна. Но, во исто време бара рационални и мудри одлуки кои ќе имаат далекусежни позитивни последици за севкупниот развој на Македонија и нејзиното етаблирање како просперитетна држава. Се надевам дека оваа школа како расадник на лидери ќе продолжи и во иднина по патот кој го има одамна трасирано – напиша Пецаков на Фејсбук.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top