Градоначалникот на средба со босанската амбасадорка во Р. Македонија

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

 |   | 

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ.

На средбата се разговараше за остварување меѓусебна соработка на повеќе полиња.  Се разговараше за интензивирање на соработката во туризмот, односно, подобрување на понудата за остварување на се повеќе балкански тури. Понатака, градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за остварување на соработка во областа на културата, односно, гостување на босански уметници на „Охридско лето“. На средбата стана збор и за продлабочувањето на меѓусебните односи со градот Мостар, со потпишување на меморандум за соработка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top