Градоначалникот на Охрид воведува рационално користење на службените возила

Во насока на зголемување на ефикасноста и економичноста, донесовме одлука, Општината и јавните претпријатија да го регулираат користењето на службените возила, соопшти градоначалникот Кирил Пецаков. 

 |   | 

Во насока на зголемување на ефикасноста и економичноста, донесовме одлука, Општината и јавните претпријатија да го регулираат користењето на службените возила, соопшти градоначалникот Кирил Пецаков.

Тоа значи дека, од денес, службените возила нема да може да се користат по завршување на работното време, односно, ниту јас како градоначалник, ниту секретарот на Општина Охрид, директорите на јавните претпријатија или било кој друг вработен ќе имаат право службените возила да ги користат вон работно време. Во текот на работното време возилата ќе може да се користат исклучиво за извршување на редовни службени активности по претходна добиена согласност од овластеното лице, а после завршување на патувањето тие се враќаат на паркингот од јавното претпријатие или Општина Охрид – информираше Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top