Градоначалникот на Охрид на предновогодишен ручек со ранливата категорија граѓани

150 лица од социјално ранливата категорија и годинава седнаа на предновогодишен ручек со градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на Локалната самоуправа. Децата се сликаа со Дедо Мраз, а имаше и подароци, новогодишни пакетчиња.

 |  Николоска Биљана  | 

И оваа година во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се готвеше традиционалниот предновогодишен ручек за ранливата категорија. Таткото на градот Јован Стојаноски во оваа пригода ја откри и неговата новогодишна желба. „Никогаш повеќе овие деца да не бидат ранлива категорија“.

„Нека им се помогне на овие деца колку што можиме повеќе и ние како општина Охрид заедно со Црвениот крст и угостителско училиште да им се помогне на овие деца да излезат од оваа тешка социјална ситуација во која што се наоѓаат. Им посакувам се најдобро на сите на овие златни деца со кои што денеска заедно ќе ручаме

Волонтерите од Црвениот крст и годинава беа вклучени во оваа активност. Мимоза Ставрева рече дека не застануваат тука.

И оваа година благодарение на општина Охрид и градоначалникот, успеваме барем во еден миг на еден ваков предновогодишен ручек да им доловиме предновогодишна атмосфера на 150 лица од социјално загрозени семејства со своите дечиња да дојдат и да ја почуствуваат магијата на празниците, да се сликаат со Дедо Мраз да добијат пакетчиња и прекрасно да си поминат“

Да се готви за социјалната категорија е посебно задоволство истакна, Блаже Јорданоски, професор во угостителско училиште „Ванчо Питошески“

Чувствата се… како да кажам…возбудени сме знаеме дека ова што денес ние го правиме помагаме на некој кој што не можи да си го дозволи секогаш“

Желбата на организаторите на овој настан е, догодина да има што помалку лица од ранливата категорија, но и да се организираат повеќе акции од ваков крактер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top