Градоначалникот на Гевгелија бара отворање на нов граничен премин од Грција

Проблемот со мигранската криза не го измисли Гевгелија и нашата земја, но бараме помош од ЗЕЛС за решавање на истиот, истакна гевгелискиот градоначалник Иван Франгов. Тој побара отварање на нов граничен премин.

 |  Николоска Биљана  | 

Отварање на нов граничен премин, бара Иван Франгов, градоначалникот на Гевгелија. За надминување на бегалската криза општина Гевгелија очекува помош од ЗЕЛС. Како што нагласи Франгов, дневната фрекфенција на мигранти кои поминуваат низ градот е од 2500 до 6000 луѓе. Додава дека мигранската криза длабоко ја чуствуваат жителите на Гевгелија и во општината се соочуваат со двојно повеќе работа, како во делот на подигање смет, а со оглед  дека зимата тропа на врата треба да обезбедат повеќе електрична енергија за греење.

„Пунктот што успеавме да го направиме заедно со Владата надвор од градот претставува големо олеснување за самите граѓани, но сеуште имаме еден дел од градот кој буквално блокиран окупиран од автобуси и такси возила со кој се пречекуваат мигрантите за да ги превезат“ – вели Франгов.

Тој информирашедека од страна на Министерството за надворешни работи на нашата земја до грчкото министерство, пратена била иницијатива за пуштање во употреба на новиот премин но 4 години чекаат одговор од грчка страна.

„Без мигранската криза го имавме ние тој предлог за да можеме да го олесниме протокот на патници во летниот период кога има гужва на граничниот премин Богородица но сега гледаме дека и тоа како ни е потребен и тој премин затоа што добро е кога поконтролирано и порегуларно би влегувале мигрантите во нашата држава а не така стихијно кој од каде ќе втаса“– изјави Франгов.

Коце Трајановски истакна дека проблемот со бегалската криза покрај Владите на земјите каде циркулираат мигрантите го чуствуваат и општините односно локалните самоуправи.

„ Она што го бара Гевгелија како помош ние како ЗЕЛС може да помогнеме општините во рамките на своите ресурси од аспект на опрема, механизација, пдготвени сме да помогнеме“– нагласи Трајановски.

На нашата земја во решавање на состојбата со бегалската криза ќе и помогне и Европа, како што истакна  Жан Франсоа Истас – општинскиот советник на Белгија.

„Тоа е наша одговорност да и помогнеме на Македонија да ја реши состојбата со бегалската криза тоа ќе го направиме сега и во иднина“

Гевгелија брои 16 000 илјади жители. Нив треба да им се врати мирот и спокојот кој го имаа до пред појавата на мигрантите бидејќи во моментов таму владее вистински хаос, сметаат европските претставници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top