Градоначалникот да даде отчет- со каков имот располага општината

Крајно време е градоначалникот да ги обелодени своите волшебни способности за ослободување од долгови, вели Огненов.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Градоначалникот Петрески да даде отчет пред граѓаните-  со колкав имот располага општината, побара советникот од ВМРО- ДПМНЕ, Ванчо Огненов. Неколку пати до сега иницирав да се изврши и попис на средствата, но до советниците таква информација не се достави, изјави Огненов на средбата со новинарите. „ Никој не дозна со каков имот располага оваа наша единица на локална самоуправа“.

„Крајно време е првиот човек на општината да даде веродостоен извештај за своето работење во текот на четири годишниот мандат. Да ги обелодени своите волшебни способности за ослободуување од долгови“, рече Огненов.

pres konferencijaДо одговор на ваквите барања и прашања, најверојатно нема да дојде. На закажаната седница, како точка на дневен ред засега не се наоѓа давањето отчет на градоначалникот.

Како што не информира претседателот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски, следната седница е закажана за на 27 февруари, со можност за одржување на уште една на почетокот на месец март.
Иницијатива за поднесување извештај за работењето на градоначалникот може да покрене само лично Петрески. Со оглед на тоа што се наоѓаме во период пред започнување на изборната кампања, до тоа најверојатно нема да дојде, рече Чингоски.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top