Градоначалникот VS советниците

Советниците на денешната 36 –та седница упатија бројни прашања до градоначалникот Александар Петрески. Советниците ја започнаа седницата со прашања од руралните средини. Најбројни беа прашањата поврзани од  областа на инфраструктурата, но имаше интерес и кога ќе се продолжи со формирање на урбаните заедници.

 |  Валентина Нелоска  | 
sednica
седница

sednicaСоветниците на денешната 36 –та седница упатија бројни прашања до градоначалникот Александар Петрески. Советниците ја започнаа седницата со прашања од руралните средини. Најбројни беа прашањата поврзани од  областа на инфраструктурата, но имаше интерес и кога ќе се продолжи со формирање на урбаните заедници. „Изборот на заедниците ќе биде веднаш штом добие завршница кривичната пријава за лицата кои ме напада во Локалната самоуправа, а случајот не е ни почнат, зошто не знам“, рече градоначалникот. Советникот од Вмро Дпмне, Љубен Буџакоски се интересираше кога Лескоец, Вапила и  Ливоишта ќе добијат водовод.

Одговорот на градоначалникот беше дека голема кочница за градење на оваа инфраструктура е тоа што општината се уште не е во втора фаза на децентрализација за да може да ги искористи фондовите од Европската унија за оваа намена. Друга причина е и тоа што  министерот за финансии сеуште не ставил потпис за да се одобри кредит  кој општината долго го очекува.„Кредитот е потребен за сервисирање на старите обврски, рече градоначалникот.

Советничката Каролина Буџакоска од Вмро Дпмне се интересираше кога ќе се асфалтира патот за црквата Св. Никола, кога ќе се санираат споредните улици во Велгошти и Лескоец по завршувањето на  канализацијата и водоводот. Одговорот на гардоначалникот беше  веднаш штом  општината  го добие долго очекуваниот кредит. Советникот од СДСМ, Ахмет Патељ се интересираше кога ќе се  пробие патот од улицата Димитар Влахов до Булевар Туристичка во централното градско подрачје.

Петрески одговори дека за таа намена се потребни околу 500 илјади евра, пари за експропирација на земјиштето на сопствениците, а  во моментов Локалната самоуправа се соочува со финасиски потешкотии и не може да ги обезбеди. Советниците се интерсираа за поплочување и уредување на  улиците Даме Груев, Питу Гули, Јане Сандански, Илинденска. На нив ќе се работи од наесен штом заврашат градежните зафати како што е поставување на оптичи кабли, или повторување на тендерски постапки, рече  градоначалалникот.

sednicaЈоне Станкоски од Вмро НП праша зошто нема конкурс за стипендии за спортистите, кој прва го воведе охридската Локална  самоуправа. Одговорот беше дека и покрај тешката  финансиска состојба ќе се направат од септември да се обезбедат пари за оваа намена. Советниците Кирил Пецаков од Вмро Дпмне  и Томислав Тунтев од СДСМ   прашаа зошто на Сараиште не се почитува граѓанската инцијатива и одлуката на советот на плажата да нема поставуавње урбана опрема. Градоначалникот истакна дека додека не се произнесе Завод и музеј по поднесениот проект  за уредување на просторот дотогаш на плажата ќе има урбана опрема. Советникот Тунтев се интересираше и  до каде е постапката со управувањето на Локалната  самоуправа со градежното земјиште. Градоначалникот кажа дека сите обврки по ова прашање општината ги исполнила , преостанувала само програмата за управување на која се работи и наскоро ќе се стави на усвојување пред советниците. Имаше интерес од советникот Пецаков дали градот ќе даде финансиска поддршка за прволигашот ФК Охрид.  Градоначалникот кажа дека веќе се прават обиди да се најде прав начин за соработка и преговорите со клубот се во тек, а тој ќе се заложува во иднина да се развие и ракометот во градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top