Градоначалник кој ќе воспостави нови критериуми

Тесната предност на Петрески- резултат на неформална коалиција со сомнителни структури, обвини кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Тесната предност на Петрески- резултат на неформална коалиција со сомнителни структури, обвини кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.

Во општините каде актуелните градоначалници добро си ја завршија работата, победија во уште во првиот круг со големо мнозинство, беше потенцирано на денешната прес- конференција на ВМРО- ДПМНЕ. Охридскиот градоначалник од тоа што го вети пред 4 години ништо не оствари. Она што е реализирано е во интерес на тесен круг луѓе, рече кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов- Нанче и додаде: „ Неговата тесна предност се должи на неформална коалиција со сомнителни структури во градот кои со подземни методи му обезбедија предност “.

Kiril TrendafilovВо кампањата градоначалникот Петрески зборуваше против сите кандидати. Најмногу против мене и покрај тоа што јас не сум ја имал можноста  што тој ја имаше- да покажам како јас можам да го водам градот. Постојано некој друг му е крив за тоа што самиот не го сработил, рече Трендафилов.

На 5 април граѓаните точно ќе знаат која е реалната програма која ја заслужува нивната доверба. Нема да дозволат, во наредните 4 години, определени криминогени структури да да управуваат со Охрид на сметка на граѓаните.   Јас ќе бидам градоначалник кој ќе воспостави нови критериуми за тоа како треба да функционира  и градоначалникот и општинската администрација, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Трендафилов.

 

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top