Кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ?

 Општинскиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ веќе работи на предизборната кампања. Се е подготвено за локалните избори.

 |  Јаковлева Лионела  | 
vnro dpmne
вмро дпмне

 

Остануваат уште три дена за аплицирање за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. До први септември треба да бидат поднесени апликациите по што следува нивно разгледување од Извршниот комитет, а оние кои ќе влезат во најтесниот круг ќе имаат разговор во четири очи со претседателот на партијата, Никола Груевски. Многу имиња се вртат како можни кандидати за првата фотеља во Охрид, но четворица од нив се најсигурни, вели претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше да открие за кого точно станува збор, но меѓу охриѓани  најмногу се споменуваат имињата на пратениците Александар Николовски и Харалампие Шокаровски. Михаилов го запрашавме дали и тој претендира да стане прв човек на градов. Тој вели дека досега нема аплицирано, а и сериозно размислува дали да го стори тоа.Atanasko Mihailov

Михаилов вели дека дури после први ноември ќе може поконкретно да се каже кој ќе биде кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Инаку партијата е целосно подготвена за избори. Формиран е и Општинскиот изборен штаб кој веќе работи на предизборната кампања.

Локалните избори сеуште не се распишани, но по сите најави најверојатно ќе имаме жешка изборна пролет. Ова се шести локални избори од осамостојувањето на Македонија. Во изминатите пет мандати градоначалници на Охрид беа Благоја Силјаноски, Никола Матлиески- Пашата, Никола Наумоски и два мандати актуелниот Александар Петрески кој и по трет пат ќе ја трча градоначалничката трка. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top