Градоначалникот Петрески задоволен од туристичката сезона

Се што планиравме за сезонава која измина реализиравме. Треба да сме задоволни и од гостите кои летуваа во Охрид. По подолг период ги повративме странските туристи. Единствено годинава не одминаа Српските туристи, вели градоначалникот Александар Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
Petreski
Петрески

PetreskiСе што планиравме за сезонава која измина реализиравме. Треба да сме задоволни и од гостите кои летуваа во Охрид. По подолг период ги повративме странските туристи. Единствено годинава не одминаа Српските туристи, вели градоначалникот Александар Петрески.

„ Голема свежина дадоа и гостите од Финска, од Холандија, традиционалните исто така дојдоа, но не дојдоа гостите од Србија, иако годинава најмногу работевме на Српскиот пазар, се претставивме на сите саеми“, вели градоачлникот Александар Петрески.

Градоначалникот признава дека направиле доста истражувања зошто Српските туристи годинава ги намаше во Охрид, кога локалната самоуправа се претстави на скоро сите саеми во соседна Србија, а исто така пролетта биле организирани и Охридски вечери во Ниш, Крагуевац и  Белград.

„ Од она што јас го испитувам е од немање на инфраструктура. Гругите држави нудат многу подобри услови во тој дел. Од Белград за да се стигне до Јадранот, потребни се 5 часа возење по автопат, а од Скопје до Охрид треба три до четири часа возење“, вели Петрески.

Како пример за добро решена инфраструктура градоначалникот ги посочува Грција, Словенија, Хрватска, Турција. „Современ туризам не можеме да развиваме кога од Скопје до Охрид се патура по 3 , 4 часа.

Освен инфраструктурата градоначалникот не гледа друга причина зошто Српските туристи не одминаа. Тој вели цените во Охрид и годинава се како и лани, па дури и пониски. Дури ни инцидентите кои изминатите години се случија во Охрид, не би требало да се причина поради која не дојдоа Србит, затоа што инциденти има секаде, вели градоначлникот Александар Петрески.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top