Градоначалникот Петрески е тажен поради смената на Паноски

Петрески со оценка дека станува збор за политички чин без реални причини. Со повлекувањето на Паноски губи пред се градот, вели Петрески.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Aleksandar Petreski
Aleksandar Petreski

Петрески со оценка дека станува збор за политички чин без реални причини. Со повлекувањето на Паноски губи пред се градот, вели Петрески.

Градоначалникот Петрески, жали што Дејан Паноски повеќе нема да ја врши функцијата Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Одлуката на централната власт ја оценува како политички чин без реални причини.

Dejan Panoski„Ние имавме многу добра соработка со Паноски. Се радував на кадровските решенија со кои луѓе од Охрид се назначуваат во централната власт, независно од политичката партија од која доаѓаат. Со тоа се решаваа и поголем број проблеми од градот. Сметам дека немаше причина Паноски да биде сменет од тоа место“, рече Петрески.  

Паноски во иднина ќе работи како советник за води со седиште во Охрид.

„Функцијата е измислена. И порано се ставаа функции колку нешто да се работи. Неспоредлива е функцијата државен советник со советник за вода, вели Петрески.

Од отповикувањето на Паноски од државен секретар последици  ќе трпи целиот град. Власта треба да се преиспита околу исправноста на донесената одлука.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top