Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество на олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги.
„Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да се оснажат и во себе да понесат дел од охридскиот дух за да можат успешно да се справат и со најдобрите екипи во Европа и светот. Бесплатниот престој за ракометните херои е скромен дар на Општина Охрид , овој пат не да тренираат, туку да се релаксираат во убавините и спокојот на древниот Охрид.“- стои во дописот од кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град