Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изнесеното на денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
„ Претседателот на општинската организација на ВМРО- ДПМНЕ , Атанаско Михаилов ,на денешната прес конференција покажа дека има кукавички менталитет , а нема речиси никаков политички кредибилитет. Наместо храбро и аргументирано да се соочи со градоначалникот Петрески , тој однова ја користи можноста , првиот човек на Охрид , да го напаѓа тогаш кога е надвор од градот.
Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , нека не очекува дека градоначалникот Петрески од Турција ќе му донесе тулумби и кадаиф, зошто такви благи подароци им се носат на добри луѓе, а не на оние со кукавички менталитет.Што се однесува пак до бумерангот од Австралија , се потврди дека тој му се врати по глава на амбасодорот Перо Стојаноски ,кадар на ВМРО- ДПМНЕ.
Наместо да си ја признае вината и одговорноста дека тој и централната власт на ВМРО- ДПМНЕ ги оставија охриѓани без јавното здраство и дека градоначалникот Петрески бара решенија, Михаилов со наивни политички трикови сака грубо да манипулира со јавноста.
Во текот на официјалната посета на збратимениот град Јалова во Турција , Петрески водеше сериозни разговори со врвот на еминентната болница „ Аци Бадам“ од Истамбул. Радосната вест е дека овој здраствен бренд е заинтересиран за изградба на модерен клинички центар во Охрид со 7 специјализирани клиники и неколку специјалистички одделенија.
Секој паметен ќе се согласи дека со оваа иницијатива на градоначалникот Петрески се спасува она што го уништи ВМРО- ДПМНЕ и Михаилов. Ја уништија Општата, специјалната детска болница, Здраствениот дом , а очигледно поради чисто партиски интереси сакаат да ја уништат и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија.
Господине Михаилов , градоначалникот Александар Петрески те повикува денеска во 17 часот , на пливачкиот базен во СРЦ „ Билјанини извори“ , во присуство на новинарите , заеднички да ги проследите завршните работи на овој важен спортски објект и јавно да поразговарате за ефектите од неговата посета на Турција.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град