Градоначалникот лично донирал средства за обновување на Бигорски

Тој смета дека општината не е должна да помага во оваа акција, бидејки приоритет треба да им даде на верските објекти во регионов, кои се доста запуштени.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Тој смета дека општината не е должна да помага во оваа акција, бидејки приоритет треба да им даде на верските објекти во регионов, кои се доста запуштени.

Bigorski manastir„На секоја црква пишува, направи добро и не кажувај никому. Јас тоа го направив, дадов пари но не ме прашувајте колку“, рече градоначалникот Александар Петерски  кој одлучил лично да се вклучил во акцијата за санирање на штетите од пожарот што неодамна го зафати ова големо духовно светилиште. Тој смета дека е доволно што  државата се вклучила  во обновата на Бигорскиот манастир,потенцирајки дека општината треба да се грижи за своето културното наследство, кое како што рече, е во многу лоша состојба.
„Секојдневно добуваме писма и молби за помош од граѓани. Има незавршени цркви и манастири во охридско и нашите средства треба да ги насочиме кон нивна ревитализација“, истакна Петрески.

Познато е дека во пожарот што избувна во три часот изутрината на 30.септември годинава во манастирот „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски, кај Дебар, целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта. Штетата се смета за непроценлива поради архивите и старите списи. Во манастирот Св. Јован Бигорски на денот на Св. Јован, доаѓаа посетители од сите  вероисповеди, тој претставуваше уточиште на сите религии и вери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top