Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Досегашниот директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Марина Петроска Тодороска, на која мандатот и истече на 15 септември годинава, од денес назначена за В.Д. на установата. Ова е одлука на градоначалникот Александар Петрески.

 |  Билјана Николовска  | 
gradinka
градинка Јасна Ристеска

Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот после доставениот предлог од нивна страна го крши статутот. Имено У.О како предлог до градоначалникот со три гласа ја испрати Роза Костеска вработена во градинката, а сегашната добила подршка од само еден глас.
Од локланата самоуправа советникот за образование Митре Вељаноски тврди дека нема никакво прекршување на статутот. Вељаноски признава дека се доцни со постапката за избор на директор но тоа го препишува на адреса на У.О. на градинката, кој навреме не доставил предлог за кандидат за избор на директор во истата, само добиле листа на гласање. Вељаноски рече дека од страна на градоначалникот Петрески нема никакво прекршување на статутот на градинката, бидејќи градоначалникот работи согласно законот за локална самоуправа и законот за детска заштита. Градинката мора да има потписник дециден Вељаноски. Додаде, дека за овој случај на градоначалникот У.О. не му доставил единствен кандидат со мнозинство гласови, а според логиката на нештата од 7 член состав на У.О. поддршката требала да биде најмалку од 4 гласа од одборот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top