Градинките истовремено ќе се отворат за десетина дена

Градинките истовремено ќе се отворат за десетина дена, колку се очекува да трае скринигот на вработените во овие установи, изјави на денешната прес конференција Министерот за здравство венко филипче. Тој потенцира дека сите градинки ќе се отворат наеднаш, што е важно за враќање на граѓаните на работа.

 |   | 

Планот на здравствените влсти е сите градинки да се отворат едновремено, во целата држава, а нивното отворање ќе следи после враќањето на работа на родителите. Скринингот на околу 2000 вработени во градинките ширум земјата започна.

„Градинките мора да се отворат во исто време, според сегашната проценка на капацитетите, некаде десетина дена би требало да трае скринингот, имајќи го во предвид вкупниот број на вработени во градинките, меѓутоа во наредните денови како ќе почне може да го надградуваме капацитетот на тестови, па да правиме во овеќе лаборатории, а градинките ќе се отворат сите во исто време затоа што е тоа битно за враќање на граѓаните на работа, значи не може да отвараме една по една градинка“ кажа Венко Филипче – Министер за здравство РСМ.

Уште во текот на вчерашниот ден беа направени финалните подготовки, а самиот процес ќе се спроведе во градинките, а не во центрите за јавно здравје како што беше иницијално планирано, посочи министерот.

„Иако иницијално беше планирано тоа да биде во центрите за јавно здравје со оглед на тоа што се тоа здрави лица да не се мешаат со тие кои се потенцијално заразени или со симптоми доаѓале во центрите и тој процес ќе продолжи и понатаму се додека не сме сигурни дека се здрави односно дека се негативни брисевите нема да носиме одлука да градинките се отворат“ објасни Венко Филипче – Министер за здравство РСМ.

Инаку во објектите на охридската градинка „Јасна Ристеска“ веќе втора недела интензивно се работи на подготовки за отворање и враќање на дечињата во установата. Деновиве се врши генерално чистење и темелна дезинфекција на сите пет објекти . До крајот на неделава ќе завршат активностите за дезинфекција и чистење, а подготвени сме и во поглед на заштитни средства за вработените.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top