Децата со помали пречки во психофизичкиот развој можат да бидат згрижени во градинката „Јасна Ристеска“. Кадарот е едуциран за работа со овие деца а има и услови за тоа. Останатите деца без никаков проблем ги прифаќаат овие нивни другарчиња.
Градинката „Јасна Ристеска“ создава услови за згрижување дечиња со помали пречки во психофизичкиот развој. Во ова предшколска установа набавени се сите аудиовизуелни средства како и опрема и материјали за работа со овие деца. Директорката Роза Костоска вели дека интерес кај родителите за згрижување на децата има, а според законот во групата каде што има дете со пречки во развојот вкупниот број на децата се намалува за два.
Не е благодарно да кажуваме колку дечиња има во градинката со некаква попреченост бидејќи ние во никој случај не сакаме да ги етикетираме. Ние работиме со нив и вршиме нивна инклузија. Воспитувачките се оспособени за работа со овие дечиња па на крајот се постигнуват многу добри резултати, вели директорката.
Кадарот во градинката уште минатата година бил на обуки во Скопје каде стручни тимови им држеле предавања како да работат со деца со пречки во развојот. Изваден е и специјален прирачник кој го користат при спроведувањето на програмата со овие деца. Многу важно е како тие дечиња ќе бидат прифатени во средината во која растат и живеат, а посебно од нивните другарчиња, објаснува Костоска. Таа додава дека помеѓу децата во градинката постои голема солидарност и дружба и не се забележува никаква разлика.
Таа солидарност и помош која ја даваат децата е за восхитување. Многу пати ние возрасните треба да учиме од нив и прво ние да ги надминиме стереотипите, вели Костоска.
Во градинката покрај програмата за работа со деца со попреченост во развојот се спроведува и програма за надминување на етничките разлики, социјалните разлики и јазичните разлики. Сето тоа е во рамките на проектот под наслов „Почитување на различностите- мултикултурализам“ кој се спроведува во десет градинки во Македонија и во чии рамки се одржуваат 18 работилници на различни теми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град