Градинката „Јасна Ристеска“ реализира проекти преку кои дечињата учат на практичен начин. „Бон-тон“, „Градини во детските градинки„, се само дел од нив.
Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон. Градинката „Јасна Ристеска“ израборила проект во кој е опфатено изучувањето на бон-тонот кај најмладата популација со кој аплицирала до Министерството за труд и социјална политика. Проектот не само што бил прифатен туку министерството решило да биде интегриран во програмата што треба да се работи во текот на целата година во предучилишните установи. Во тек е изработката на прирачник по бон-тон.
Целта е да се збогати однесувањето на децата во секоја ситуација и се надеваме дека ќе постигнеме добри резултатаи . Ние веќе почнавме да ја реализираме програмата по бон-тон така што ангажиравме професор по етика кој што работи во Гимназијата кој им одржа предавање на децата, но и на родителите бидејќи тие се многу важен дел во целокупната реализација на проектот, бидејќи се она овде што ќе се научи дома треба да се примени, вели Розе Костоска, директорката на градинката „Јасна Ристеска„.
Градинката „Јасна Ристеска“ покрај овој, реализира и уште многу други интересни и корисни проекти со кои децата на многу лесен, едноставен и практичен начин учат. Таков е и проектот „Градини во детските градинки„. Во сите градинки се формирани зеленчукови и овошни градини за кои се грижат децата одгледувајќи разни овошја и зеленчук кој го користат во исхраната. Целта е да видат децата како едно растение расте од семка до плод, бидејќи многу деца не знаат, вели Костоска. Таа кажа и една анегдота кога едно детенце кога видело патлиџани на стебло рекло дајте ми едно јаболко.
Овој проект го започнавме во март оваа година и веќе ги собираме првите плодови. Собравме гравче од нашата градина кое го приоготвивме. Тоа за децата беше посебно доживување, вели директорката.
Други проекти кои се во тек или допрва треба да започнат се проектот „Од дете за дете“. Се собира стара облека и обувки кои се наменети за ранливите категории. Од пред неколку години започна и во континуитет се реализира проектот „Еколошка едукација“ во чии рамки е и проектот „Здрава храна за детство без мана“, како и проектот „Од легендите до денес“ во чии рамки се изучуваат сите информации поврзани со градовите низ Македонија, а пред една недела децата го посетиле Крушево и Прилеп каде можеле и визуелно да се запознаат со се она што го учеле.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град