Пензионерите конечно задоволни, затоа што ваков објект за Охрид е повеќе од неопходен.
Средствата за изградба на домот се обезбедени преку донација од Швајцарија, вели градоначалникот Александар Петрески.
Оваа категорија на граѓани, задоволни што конечно некој се сети на нивните потреби.Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца години наназад покренуваат иницијатива, преку која бараат да се изгради дом за пензионери и стари лица. Бараме изградба на ваков објект, не само за нашите сегашни потреби, туку и за генерациите кои доаѓаат, вели претседателот на извршниот одбор на здружението за пензионери.
„Писма со барање за изградба на дом, сме испратиле и до премиерот и до министерот за транспорт и врски, но сите не одбија. Велат објавите тендер. Како ние да објавиме тендер, со што би го платиле изведувачот, кога немаме ни пари ни локлција“, вели Трпчески.
„Охрид мора да има дом за пензионери. Нашите сограѓани заслужуваат ваков центар“, вели градоначалникот Петрески.
Регионаланиот центар за пензионери според урбанизтичкиот план на градов ќе биде сместен во населбата Даљан.
„Сметаме дека оваа локлација е многу подобра од онаа која првобитно ја бараа пензионерите – објектот на старата детска болница. Населбата Даљан е блиску до Охрид и е надвор од буката која се свара на другиот крај од градов“, вели градоначалникот.
Објектот Дом за пензионери според плановите ќе опслужува околу 100 лица од Охрид, Струга и Ресен. Овој центар покрај тоа што ќе ги заштити граѓаните на кои им изминал реботниот век, во него ќе бидат вработени и над 50 лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град