Ќе се гради нов и ќе се уредува пристапот до постоечкиот инфо центар

Изградба на нов модерен туристички инфо центар во центарот на Охрид, најавуваат од Секторот за ТЛЕР. Од таму ветуваат дека пред туристичката сезона ќе го стават во функција и инфо центарот на влезот во градот, за што бил потребен посебен сообраќаен пристап.

 |  Николоска Биљана  | 
sobi
соби

info centarНабрзо ќе почне изградбата на новиот модерен туристички инфо центар, најавува Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Проектот бил добиен од ИПА програмата со Р. Грција. Апостолов вели дека заедно со Локалната самоуправа од Охрид ќе направат напори и веќе постоечкиот инфо центар на влезот од градот да го стават во функција.

„Паралелно се работи и на ставање во функција и на туристичкиот инфо центар на влезот во Охрид за кој што е предвиден и посебен сообраќаен пристап бидејќи сметаме дека сегашната локација на влезот односно пристапот не соодветствува на локацијата на тој инфо центар, имајќи во предвид дека фрекфентноста и брзината со која што поминуваат возилата на тој предел не му овозможува да се добие на видливост на самиот инго центар па затоа со новиот пристапен пат односно паркинг кој што се планира да се постави и новите информативни табли кој што ќе го стават да биде што повоочлив ќе му дадеме функкции на тој инфо центар и заедно со новиот кој што набрзо ќе почнме да се гради ќе овозможиме на сите туристи и посетители поголема транспарентност во добивањето информации за туристичката понуда и настаните во градот “ – вели Апостолов.

cekaciСо функционирањето на двата туристички инфо центри градот ќе добие многу во поглед на туризмот, убедува Апостолов. Посебно тоа ќе допринесе да се намали бројот на дивите чекачи, додава тој.

„Самото поставување на информативниот центар во центарот во градот на место кое што е препознатливо дека е претставува т.н база на овие диви чекачи во кое што ќе работат лица кои што ќе имаат овластување да ги легитимираат односно да даваат и санкции врз нив јас мислам дека на тој начин барем таа локација ќе биди на еден начин ќе биде обезбедена“ – рече Апостолов.

Секторот за ТЛЕР планира уште една критична локација на дивите чекачи да ја реши со поставување на туристички берзи. За таа цел во тек е постапка на подготовка на спецификација на тендер, така што после неговото објавување и добивање, предвидено е на неколку локации вклучувајќи ја и автобуската станица да има туристички берзи односно штандови, на кој што приватните станоиздавачи на еден поорганизиран и покултурен начин ќе ги нудат своите услуги на гостите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top