Градоначалникот Никола Бакрачески по завршувањето на летната сезона најави изградба на кружни текови, пешачка зона покрај каналот Студенчишта и финиширање на проектните задачи за реконструкција на кејот.
Интензивирање на градежните активности околу инфраструктурата по завршувањето на летната туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески вели дека претежно ќе биде работено на разубавување на градот во делот на инфрастуктурата која му е потребна на Охрид. Реализацијата на најавените проекти кои ќе бидат финансирани дел од кредитот од Светска банка, дел од буџетот на локалната ќе биде интензивирана од септември.
„Ќе се градат вкупно 5 кружни токови, ќе се продолжи патеката кон х.Парк, претпоставувам ќе завршат и проектните задачи за реконструкицја на кејот, на охридскиот кеј и за изградба на една современа пешачка зона покрај од левата страна на каналот Студенчишта. Три крупни зафати во близина на централно градско подрачје кои би требало да значат гордост на градот Охрид, и за кои сметаме дека во тек на 2015 или прва половина на 2016та ќе бидат завршени.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Градоначалникот Бакрачески информираше и за активностите кои сеуште се одвиваат на улицата „Питу Гули“ која во моментот целосно се реконструира.
„Во овој момент сеуште е во тек реконструкцијата на „Питу Гули“ која е една од главните сообраќајни артерии на којашто покрај коловозите се реконструираат и тротоарите, а во делови од таа патна делница се реконструираше и водовод и канализационата мрежа. Правени беа премини преку патот како во иднина после реконструкцијата да не наидуваме повторно на оние постојани проблеми кога се реконструира некоја улица, а потоа поради некој дефект во мрежата или реконструкција на инвидуални мрежи повторно да бидат уништувани коловозите.“-вели тој.
Бакрачески вели дека согласно регулативите и правилата на работењето на локалната самоуправа, во овој период, дел од инфраструктурните градежни зафати ќе бидат прекинати, за истите да продолжат по завршување на туристичката сезона.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град