Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски.

 |   | 
shankovi
шанкови

shankoviУрбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа.

Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на диво повеќе од една година или биле легални, но сопствениците не си ги подмириле своите обврски кон локалната.

Во оваа акција се случи немил настан при што е повреден работник од Ј.П.”Охридски Комуналец”, кој бил вклучен во делот на подигање на отстранетиот материјал.

Настанот се случил после завршувањето на акцијата, кога работниците од Комуналец биле повикани од страна на сопственикот на шанкот да помогнат при спуштање на металната конструкција, бидејќи тој сам рекол дека ќе обезбеди лица кои ќе ја отстранат опремата, со што нема да ги сноси трошоците за отстранување. При отстранувањето на металната конструкција, која била на поголема висина, истата паднала врз работникот, при што го повредила.

Повредениот е веднаш пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо” и се наоѓа во стабилна состојба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top