Градот да биде „газда“ на запуштените објекти на крајбрежјето

Младинскиот рекреативен центар и поранешната Детската специјална болница се под клуч. Објектите полека зараснуваат во коров, а околу нив има депониии од смет.

 |  Валентина Неловска  | 
mladinski rek. centar
младински рекреативен центар

Градоначалникот ја посочува и лошата состојба во која се наоѓа  манастирскиот комлекс Св. Наум. Сето  тоа е резулатат на недефинираната сопствност,  нагласува Петрески. Овој прекрасен простор на охридското крајбрежје исто така остава грда слика. Наместо да го развиваме туризмот оставаме впечаток дека објектите и туристичките комплекси ни се запоставени од негрижа, а како виновник за тоа најчесто прстот е вперен кон градските  власти.
Министерот за култура пак, Елизабета Канческа Милевска решавањето на овој проблем го гледа со  завршувањето на процесот на денационализација кој е во тек, а со кој црквата бара да си го врати својот имот. „Мора да има брза разрешница за да се знае кој треба да го чува тоа културно наследство“, смета министерот Канческа Милевска.
Скорото разрешување на овој навистина сериозен проблем ќе значи и ставање крај на сегашната панаѓурска слика  во комлексот. Оној кој ќе стопанисува со него ќе има  и одговорност за среденоста и хигиената на најатрактивниот  и најпосетуваниот манастирски комплекс во земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top