Училиштата немаат сопствени средства за одржување на ПП апаратите.
Училиштата немаат сопствени средства за одржување на ПП апаратите.
Во тоа им помага локалната, но засега не е префрлен ни денар за таа намена. За самата постапка на одржување и дополнување не успеавме да добиеме одговор. Охридската противпожарна служба не прошета до инспекторот Сашо Тодоровски, а пак Тодоровски очигледно не беше расположен за разговор.
Еден противпожарен апарат се сервисира за 1200 денари. Во охридските училишта сеуште не е направен сервис на ПП апаратите. За таа намена училиштата немаат сопствени средства и најчесто тој терет оди на локалната самоуправа.
Директорката на ОУ “Св. Климент Охридски” ,Славица Илиќ, рече дека во нејзиното училиште има 20 такви апарати на кои рокот за сервисирање им истекол. Таа потенциреше дека има доставено побарување на средства до локалната самоуправа и до ден денес нема ниту денар за тоа. Исто постапил и директорот на ОУ „Григор Прличев“ Сашо Ставрески, кој рече дека рокот од шест месеци е пролонгиран на година дена и тие секоја година доставуваат побарување до локалната за да им обезбеди средства за нивно сервисирање.
Ставрески е подготвен да изнајде начин за сервисирање на ПП апарати и во случај да не се исплатат тие средства од локалната.
„Должен сум како директор да ги обезбедам сите превентивни мерки како би се заштитило училиштето и учениците“, потенцира директорот.
Не успеавме да стапиме во контакт со одговорниот на локалната за образование Митре Ваљаноски, со цел да дознаеме кога ќе се префрлат средства за сервисирање на ПП апарати.
Инаку за објаснување на постапката за одржување и сервисирање на ПП апаратите, од противпожарната служба не упатија до инспекторот Сашо Тодоровски. Тој во кусиот телефонски разговор не покажа интерес да не информира, а со тоа и пошироката јавност остана покуса за информација повеќе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град