Горно Лакочереј домаќин на трeтата Ѓомлезијада

Тардиционално,  годинава по трет пат во селото Горно Лакочереј во манастирскиот комплекс Св. Спас се одржа манифестацијата ѓомлезијада. Годинава 20 натпревачи го приготвуваа специјалитетот, а за проба на истиот стана вистинска гужва и турканица.

 |  Татјана Маленкова  | 
gjomlezijada
ѓомлезијада

„Со ова сакаме да ја продолжиме традицијата на традиционални македоснки јадења, да им понудиме нешто што го немаат кај нив. денеска тука имаме и холангани ќе бидат и во жири комисијата па да видиме кое ќе биде најдобро“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Советникот Климе Тренески кој воедно беше дел од организациониот одбор вели дека интерес за учество на манифетацијата имало премногу, но биле преморани да направат селекција на натпреварувачите.

„ Денеска имаме 20 натпреварувачи имаше многу повеќе интерес но поради ограничување со просторот ги намаливме на 20“, истакна советникот Климе Тренески.

Ѓомлезето приготвено од Златана Николоска ја воодушеви Жири комисијата. Затоа таа ја понесе титулата победник на манифестацијата „Ѓомлезијада 2011“.
gjomlezijada
Николоска доби 10 000 денери, второ наградената  Лиле Кароска  6000, а тратата награда која изнесуваше 4000 денари ја делеа Марио Настески и Емилија Мојсоска.
Годинава на ѓомлезијадата имаше и туристи од Холандија кои се воодушевуваа на македонската кујна и традиција.  
Манифестацијата започна пред три години во Велесто, минатата година се одржа во Скребатно, а домаќини годинава беа жителите на Горно Лакочереј. Тие преку Ѓомлезијата им испратија порака на туристите дека Мекедонија е гостопримлива земја и дека ввреди да се посети.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top