Голема награда за македонските лајонисти

Дистриктот 132 добитник на наградата за хуманизам која го носи името на Мајка Тереза.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lajonisti
Лајонисти

Lajonisti„Македонија е мала држава по население и територија, но голема во светот на Лајонизмот“, вели актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Др.Сашо Василевски. Реализацијата на над 400-те проекти на ниво на клубовите во Македонија, меѓу кои како еден од поамбициозните може да се издвои  организацијата на летниот камп за деца заболени од Дијабетис тип 1, потоа проектот Засади ја својата иднина, проект кој го започнаа лајонистите од Скопје, проект прифатен од државата проект чија реализација сега заеднички продолжува. Овие проекти на македонските лајности им донесоа и едно големо признание.

Овгодинешната награда на Мајка Тереза ќе ја добие дистрикт 132 Македонија. Тоа ќе се случи на 5-ти септември во 20 часто во МОБ. Убава пригода да целата оваа хуманитарна активност 15 години делување на лајонизмот во Македонија се заокружи со една голема награда“, вели Василевски.

LajonistiВисоките стандарди кои минатата успешна лајонистичка година ги постави со реализацијата на големиот број проекти, е вистински предизвик за новиот Гувернер и лајонистите. Новиот избран Гувернер на дистрикт 132, неодмна беше дел и од Меѓународната 94 – та конвенција која се одржа во САД во Сиетл. Станува збор за престој во траење од  две недели кој се состоеше од интензивна школа за добивање на сите лиценцни права, да можам во изминатата лајонистичка година да ја обавувам должноста Гувернер на Дистрикт 132 на Македонија, вели Гувернерот Василевски. Вториот дел од псоетата беше дружење, приеми, лобирање, и запознавање со останати лајонистички држави каде што во план се започнувања на заеднички интернационални проекти од хуманитарен план, додава Василевски.

Макеоднија е мала држава во население и територија, но голема во светот на лајонизмот. Само во првиот месец, во септември на почеток на лајонистичката година, кај ќе престојуваат видни личности од светскиот лајноизам. Ние сме земја која гласа. Лобираат одредени држави за одредени позиции на интернационален план.“ дециден е Василески.

Гувернерот Василевски вели дека „Во интензивни контакти сме нашиот интернационален претседател Вин-Кун Там да не посети во почетокот на месец ноември.Ззапочнуваме со првиот кабинет на гувернери кој ќе се одржи на 5-ти септември во Скопје, каде за прв пат ќе ги елаборирам, мојот престој, моите задачи на мојот кабинет и на мојот дистрикт на сите клубови и отогаш ја започнуваме нашата активност за оваа лајонистичка година. Минатата фискална година Lions Club International во светски рамки може да се пофали со реализација н над 375 000 проекти, во 206 држави во светот, каде во грантови и донации се дадени и инвестирани неповратни средства од 370 милиони долари. Оваа година буџетот на Lions Club International изнесува 415 милиони  долари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top