Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид

Со детски песнички и кореографии одиграни од децата од охридската градинка беше одбележан Денот на шегата. Топлото сонце ги милуваше среќните лица на најмладите кои уживаа во веселата прослава.

 |  Николоска Биљана  | 

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој традиционално секоја го прославуваме на градскиот плоштад, вели директорката Мери Рилковска.

Децата со нетрпение се подготвуваат со нивните родители, со воспитните тимови, секој според точките кои ги подготвуваат се маскираат и се поистоветуваат со нивните јунаци претежно од цртаните филмови. Застапени се децата од средните и големите групи “ .

На плоштадот можеше да се забележи шаренило од маски, принцези, невести, Спајдермен и Бетмен, каратисти, групни маски за планетата земја, зајачиња и многу други креативни маски. Насмеани и весели детски насмевки беше сликата која можеше да се забележи на плоштадото преполн со најмладите охриѓанчиња.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top