Голем пожар во центарот на Охрид

Голем пожар избувна попладнево во куќа во Месокастро, во центарот на Охрид. Едно лице е повредено и задржано во општа болница. Пожарот за брзо време се прошири и на соседната куќа. Против пожарната единица со три возила и целиот човечки кадар се бореше со огнената стихија за да се спречи поголема катастрофа.

 |  Николоска Биљана  | 

Се запали куќа во Месокастро, во центарот на градот. Едно лице со возило на Итната медицинска помош веднаш било пренесено во Општа болница Охрид, поради вдишан чад и изгореници со кои се здобил обидувајќи се да го гасне пожарот.Др Милчо Стефановски, од хируршкото одделение за ТВМ информира дека лицето на 63 годишна возраст е во стабилна состојба. Бил примен во состојба на шок со изгореници на главата, лицето , градниот кош и рацете. Му била дадена соодветна терапија и ќе биде задржан за понатамошни испитувања. Пожарот го пријавиле соседите. Поради специфичноста на тесните варошки улици возилата на Територијалната противпожарна единица тешко пристапија до куќата која гореше. Интервенцијата ја вршеа од два пристапи на оддалеченост од 100 метри од опожарената куќа. Граѓаните беа видно вознемирани и стравуваа од проширување на пожарот до нивните куќи одалечени на само неколку метри.

Веднаш кога забележавме имаше пламен од балконот и прозорците…вознемирен сум од овој немил настан, на две метри живеам јас сите соседи излеговме пријавивме. Има и несовесни граѓани кои не дозволуваат да пристапат противпожарните возила“.

Најблискот сосед до опожарената куќа исто така беше многу вознемирен. Тој кажа дека после овој настан надлежните треба сериозно да се посветат на подобрување на условите за интервенција при пожар во стар град.

„Да се постават хидранти на секоја можна улица. Како дете сум бил доброволец во противпожарно друштво и знам каков е овој наш терен на стариот дел на градот. Ги замолувам надлежните што поскоро да размислат за оваа идеја….со цел да не изгори куќа како оваа денес. Немил настан среќа што немаме жртви“

Пожарникарите вложуваа натчовечки напори за да спречат проширување на пожарот во населбата со збиени куќи. Горан Маркоски, заменик командир на против пожарната единица за твм кажаа дека куќата во која избувнал пожарот била полна со натрупан лесно запалив одпад кој им задал сериозни проблеми при гаснењето. Пожарот бил локализиран но подолго време пожарникарите вложуваа напори за негова целосна ликвидација поради расчистувањето на објектот од отпадот. После локализирањето на огнената стихија интервенцијата продолжила со едно притивпожарно возило.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top