Шпански фирми заинтересирани за инвестирање во Охрид. Ова денеска го најави В.Д. амбасадорот на Шпанија во Македонија – Марија Ангелес Гарсија де Лара.
„Моето доаѓање е планирано од поодамна. Ќе се сретнам и со градоначалникот на Охрид, за да разговараме за соработката на шпански и македонски фирми“, рече за ТВ М заменик амбасадорката на Шпанија во Македонија, Гарсија де Лара.
Според Де Лара се работи за инвестиции за еколошки проекти за подобрување на инфраструктурата, за менаџирање со води поточно нешто што ќе ја подобри животната средина.
Инаку В.Д. амбасадорот на Шпанија синоќа присуствуваше на прославата на Црвен крст по повод 65 годишниот јубилеј. Де лара најави дека има заинтересираност и за подобрување на соработката на Црвениот крст од Охрид и некој од регионите на Шпанија. “Оваа соработка би помогнала организациите на Црвен крст да можат да соработуваат во најразлични проекти“, додаде В.Д. амбасадорката на Шпанија во Македонија Гарсија Де Лара.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град