Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија вели дека банките во голем број случаи ги блокираат сметките на граѓаните без притоа тие да бидат запознаени со тоа.
Голем број преставки и жалби на граѓаните до Народниот правобранител за случаи кога банките им ги блокираат сметките без притоа да ги известат за тоа. Во текот на изминатава година, Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, вели дека ова особено било евидентно со плаќањето или неплаќањето на радиодифузната такса што резултирало со блокирање на приватни сметки на граѓаните.
„Голем беше бројот, сеуште е голем бројот затоа што и во делот на плаќање на радиодифузна такса се премина од еден во друг систем на плаќање на радиодифузната такса, така да на почеток имаше голем проблем затоа што списоците беа неисчистени. Во тој дел, Народниот правобранител неколку пати реагираше, мислам дека намален е тој број на граѓани кои бараат заштита во тој дел, но сеуште ги има.“-вели Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија.
Мемети додава дека тие често добиваат преставки и од самите извршители кои изразиле сомнеж дека нивниот налог некоректно се спроведува од банката. Според него, не смеат да блокираат сметки на граѓаните во извршна постапка бидејќи според Законите, извршителот може да зафати само една третина од примањата на граѓанинот.
„Сме имале доста случаеви каде што извршителиот ќе се пожали на начинот на спроведување на неговиот налог од страна на банката. Затоа што тој смета дека правилен или законит налог има составено, дека може да се зафати само една третина од примањата на граѓанинот, а од друга страна банката на почеток нема систем да зафаќа само една третина. Јас уште тогаш апелирав, побарав од банките да ги средат нивните системи, затоа што тоа не е проблем на граѓаните, тоа е проблем на банките. Така да извршителите како што реков на почеток често се случува без да ги прашаат граѓаните, да ги зафаќаат, односно да ги блокираат сметките на граѓаните, речено едноставно.“-рече Мемети.
Да биде проблемот уште поголем, според Мемети, дури и кога банката, извршителот или Народниот правобранител утврдат дека била направена грешка во извршната постапка, односно дека спротивно на закон била блокирана сметка, товарот за одблокирање го преземаат токму граѓаните, што според Мемети е уште поизразено кога станува збор за социјалните категории. Тој информира дека за жал и оваа година има зголемување во бројот на граѓански преставки до Народниот правобранител. Најголемиот дел од нив се од правосудството, потоа имотно-правните односи, работничките права. Инаку токму на темата на заштита на правата на граѓаните во постапките на извршување, но и заштитата на избирачкото право на граѓаните, Народниот правобранител, извршители, судии и правници дискутираат на дводневната тркалезна маса која Народниот правобранител ја организира со поддршка на Американската амбасада во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град