Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември.
Под мотото „Пешачи со нас“ и Охрид со бројни низа активности се приклучува кон одбележување на Европската недела на мобилност од 16-ти до 22-ри септември.
В понеделник, 16-ти септември, од 10:00 до 11:30 часот ќе биде упатена порака од најмладите „Рака за рака“, со прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Македонски Просветители“ од пресек со „ Партизанска“ до пресек со „Коста Абраш“. Вторник од 10:30 до 12:00 часот ќе има промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ „Паркинзи за велосипеди“, при што на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди.
На 18-ти септември во просториите на општина Охрид ќе биде промовиран Планот за одржлива урбана мобилност (ПОУМ) на град Охрид, а следниот ден од 11:30 до 13:00 часот, ќе се реализира проектот „Паркирај го автомобилот–прошетај со нас“–пешачење низ централно градско подрачје.
В петок, од 11:00 до 12:00 часот е предвидена реализација на проектот „ Исклучи го моторот и вози велосипед“, велосипедско дефиле низ повеќе улици во централното градско подрачје на Охрид.
В сабота, од 11:00 до 14:00 часот во централното градско подрачје, под мотото „Промени се – паркирај правилно и прописно“, ќе бидат поделени флаери за подигање на свеста кај возачите за опасностите кои може да бидат предизвикани од неправилно паркираните возила кои можат да ги доведат во опасност децата, лицата со хендикеп, велосипедистите како и сите останати учесници во сообраќајот.
Вo недела, 22-ри септември, по повод Светскиот ден без автомобили, ќе бидат затворени улици за сообраќај низ централно градско подрачје на град Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град