Поднесен извештајот за работата на АДКОМ. И годинава традиционално, ден пред Водици, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија го одржа годишното собрание. На состанокот беше презентирана предлог програмата за работа на АДКОМ за 2011 год. Оформување на база за подобро делување на комуналните претпријатија во земјава е главна цел за која лобирање пред Централната власт истакна потпретседателот на АДКОМ, Музафер Мурати.
Мурати признава дека постојат низа проблеми од комуналната сфера, пред кои мора цврсто да се застане за да се надминат. Тој остави голем простор за новинарски прашања на кои транспарентно одговори. Горлив проблем е немање решение за изградба на регионалните депонии согласен Мурати.
Претставниците на Југоисточниот регион в споредба со нас, кажаа дека веќе бележат напредна фаза за формирање на регионални депонии. На ниво на 10 општини од тој регион, соглесни се и градоначалниците без разлика на партиски бои, рече Панче Орцев, директор на ЈПКД „Комуналец“, Струмица.
АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија е невладина и непрофитабилна организација која ги здружува сите Јавни комунални претпријатија во Р. Македонија и делува да се подобрат услугите кон граѓаните. Исто така ги застапува интересите на ЈП во смисла на подобрување на условите за работа. Своето работење АТКОМ го има организирано преку комисии чии членови се вработени во ЈКП кои редовно и активно одржуваат состаноци, каде се изнаоѓаат решенија за проблеми во тековното работење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град