Се состанаа за да разговараат за проблемите во областа на туризмот.
Испревртувајќи ги фактите за културното богатство со кое располага Охрид, му се предизвикува огромна штета не само на градот туку и на целата земја.
„ Често пати туристички водичи, кои се без соодветно знаење, им пренесуваат погрешни информации на гостите“ , тврди Јорданка Матова,Историчар на уметност во охридскиот Завод и музеј- Охрид.
Проблемот со туристичките водичи е само еден од низата прашања, за кои разговараа музејските и туристичките работници на традиционалната годишна средба. Темата на која годинава расправаа е: „ Музеите и туризмот“.
На денешната, традиционална средба учествуваа над 50 музејски и туристички работници од земјава.
Инаку, Македонскиот национален комитет на меѓународниот совет на музеи, како невладина асоцијација постои веќе 16 години. Негова основна задача е да придонесе кон унапредувањето на музејската дејност во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град