Охрид домаќин на Регионалната конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Југоисточна Европа.
Охрид домаќин на Регионалната конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Југоисточна Европа.
До крајот на 2008 година, беа донесени 27 судски пресуди за случаи на корупција на високо ниво, рече премиерот Груевски, на отворањето на конференцијата.
„Со ова беа санкционирани повеќе од 100 лица, за злоупотреба на службената положба и овластување“, додаде премиерот.
Владата на Македонија има донесено стратешки план за борба против корупцијата за периодот од 2007 до 2011 година.Тоа е стратешки документ во кој се опфатени конкретни мерки и активности на надлежните органи и тела,насочени кон борбата против корупцијата во политичкиот систем,правсудството, јавната администрација, локалната самоуправа, органите за спроведување на законот, финансискиот и економскиот систем и граѓанското општество.
Во буџетот за оваа намена обезбедени се 153 милиони денари.Ова денес во Охрид го истакна премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред учесниците на Годинешната регионална конференција на Транспаренси Интернешенал за Европа и централна Азија. До крајот на 2008 година, рече премиерот Груевски,беа донесени 27 судски пресуди за случаи на корупција на високо ниво,со кои беа снакционирани повеќе од 100 лица меѓу кои и поранешен заменик министер,градоначалници,судии, нотари,адвокати,
“Најголемиот дел од тие лица се осудени за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и примање на поткуп..Во 2007 и во 2008 година судовите,покрај казните изрекле и мерки за конфискација на имот и надомест на штета во износ од околу 2 милијарди и 600 милиони денари“, кажа премиерот Груевски.
Суштинска е потребата од широк фонд против корупцијата, каде секој ќе даде придонес против борбата од ова зло на денешницата, истакна премиерот Груевски на отворањето на конференцијата.
Премиерот Груевски го потенцираше и извештајот на Транспаренси Интернешенал,како една од најрелевантните организации за оценување на индексот на перцпеција на корупцијата.Владата имаше широка јавна кампања во која во големе мера се подиогна јавната свест за корупцијата, додаде премиерот.
„Борбата против корупцијата е континуиран и неселективен процес.Секој што сторил кривично дело мора да биде повикан на одговорност,без оглед на функцијата или статусот во општеството,рече министесрот за правда Михајло Манески.
Администрацијата е прва брана против корупцијата, бидејки секојдневно луѓето прво таму доаѓаат“, додаде министерот Маневски.
Слаѓана Тасева ги пофали постигувањата на Владата во борбата против корупцијата,потенцирајќи го напредокот на листата на Транспаренси Интернешенал за 32 места,но рече дека состојбите во судството се уште не се доведени на потребното ниво. Инаку Претставници на повеќе од 45 земји од Европа и Централна Азија учествуваат на шестата Конференција за борба против корупција – предизвиците за проширувањето на ЕУ, што во организација на Владата на Република Македонија и Министерството за правда, во соработка со Transparency International и Транспарентност нулта корупција Македонија, се одржува денеска во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град