Годинава трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата

Досега овој вид на субвенција беше дел од програмата за рурален развој, но поради недоволна искористеност на средствата од ИПАРД програмата овој вид на субвенција беше префрлен токму во оваа програма.

 |  Мишел Наумоски  | 
traktor
трактор

Недоволната искористеност на средствата од ИПАРД програмата, благослов за земјоделците. Овој инструмент на Европската унија за претпристапна помош насочен за развој на земјоделството и руралните средини, во земјава стана достапна за нашите земјоделци во 2007та, а завршува токму оваа година. Сепак од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид, велат дека искористеноста на средствата од оваа програма е доста под очекувањата.

zemjodelecТокму поради тоа, како дел од ИПАРД програмата, годинава е додадена и набавката на тракторите и приклучната механизација.

„Во ИПАРД програмата оваа година се вметнаа тракторите и приклучната механизација која што инвестиција е многу барана од нашиве земјоделски производители, затоа што тие бараат најмногу трактори и приклучни машини за нивното земјоделско стопанство. Тракторите и приклучната машинерија во минатата година беше дел од програмата за рурален развој. Оваа година ставени се во ИПАРД програмата затоа што во ИПАРД програмата има голем број на средства кои се неискористени.“-рече Билјана Ѓорческа, советник за организација во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид.

mehanizacijaДополнително како дел од оваа промена, Ѓорческа напоменува дека значително е намалена и потребната документација за добивање на нови трактори.

„Нашиот земјоделец не мора да вади некоја посебна документација, само барање, имотни листови, доказ дека поседува земјоделско производство, дека има нешто на тоа земјиште што го поседува и во нашите канцеларии се пополнува тоа барање и завршена е процедурата. Потоа се чека до месец-два за да може комисијата да излезе на терен и да види дали ги исполнува условите за добивање на овие средства, се потпишува договор и земјоделецот ја користи таа машина.“-вели Ѓорческа.

Инаку рокот за поднесување на барања за добивање на средства од ИПАРД програмата од првиот оглас беше до 22 Август но доби продолжување до 30 Септември со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top